Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски откри шокантен скандал поврзан со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.
– “Пратеникот Димовски незаконски си земал вработен од општината да му биде личен возач, и со години неговите работни задачи се воделе како возач на градоначалникот, а всушност тој цело време го возел Илија Димовски за што имаме и докази. Со тоа Димовски ја оштетил општината за голема сума на пари на име на плати на овој човек кој со години го возел пратеникот.” – изјави градоначалникот Коцевски на својот прв прес пред Велешани.