ТРЕБА ДА СЕ ИМА ОВА ПРЕДВИД, Д-Р ДОКИЌ: ГЛАВЕН РИЗИК ФАКТОР ЗА ФАТАЛЕН ИСХОД КАЈ ПОМЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА Е ГОЈАЗНОСТА

0
839

“Главен фактор кај младите што починале од КОВИД-19 била гојазноста” – изјави вечерва пулмологот, д-р Дејан Докиќ.

“Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кој некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше еден од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор” – рече д-р Докиќ.

Исходот на болеста кај било кој од пациентите зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.

“Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем, кои што се многу важни во вакви епидемии. Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80% од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период што говори за силината и јачината на вториот бран. 70% од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран” – рече Докиќ.