ВМРО-ДПМНЕ СЕЕ ВЕТЕР И МАГЛА ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА, ФИЛИПЧЕ: НЕМА НИШТО СОМНИТЕЛНО ВО НАБАВКИТЕ НА ВАКЦИНИ

0
860

“Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително” – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека сите работи се кажани и објавени јавно. Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за набавка и наскоро во соодветна процедура тие ќе се декласифицираат.

“Сметам дека ваквите клевети воопшто не се соодветни и не одат во насока на конструктивноста. Напротив, сакаат да го поткопаат целокупниот легитимитет на нашата држава и пред Кина и пред меѓународните фактори” – изјави Филипче.

Засега во земјава не се размислува за опцијата да се вакцинираат граѓаните без термини и да им се даваат ваучери на вакцинираните како што е тоа случајот во соседна Србија.

“Сега сме во фаза кога апелираме граѓаните да се пријавуваат на сајтот. Количината на вакцини во Србија како единствена земја во светот која им е на располагање на граѓаните, е многу поголема од онаа што ние ја имаме во моментот. Кога ќе го постигнеме тоа ниво, може целосно да ги отвориме пунктовите” – рече Филипче.