Владата додели парична помош на неколку печатени медиуми, дури и на КУРТОН ВЕСНИЦИТЕ како прилепски ,,Зенит”, ,,Вечер” на Латас и ,,Нова Македонија” на Камчев иако 12 години жестоко работеа за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски!

0
1030

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупно 11 печатени медиуми (од 13 кои испратиле барање) ќе добијат субвенции во вкупен износ од 42,6 милиони денари согласно Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.

Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година.

Претседателот на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми, Лирим Дулови, на прес-конференцијата ја изрази благодарноста за оваа поддршка за егзистирањето и работата на печатените медиуми и истакна дека Република Македонија е единствената земја од регионот која оваа иницијатива ја спроведува според модел што веќе се применува во повеќе земји членки на ЕУ.