САРАЧИНИ : ОСУДА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ!

0
410
Нема и не смее да има никакво оправдување за физичкиот напад врз Зоран Божиновски!
Може да ви се допаѓа или да не ви се допаѓа начинот на кој Божиновски пишува и ја работи својата работа, и јавно да го фалите или критикувате за тоа.

Може некој смета дека со неговата работа Божиновски му го нарушил достоинството, го наклеветил или навредил, и за тоа може да си бара сатисфакција на суд или преку механизмите на саморегулација за медиумите.

Но, посегање по насилство не смее да се дозволи и треба да се казнува во секоја демократска држава! Без оглед за кого се работи, насилството врз кој било граѓанин е недозволиво! На потег се институциите, треба брзо да го расветлат овој случај и да ги пронајдат и казнат насилниците!
Фејсбук статус на Петрит Сарачини