(ВИДЕО) Постигна кош од облакодер висок 162 метри

0
1314

Екипата која стои зад популарниот интернет канал „DudePerfect”за своето најново видео се обиде да сруши еден навидум невозможен рекорд.

Низ осум минути, колку крае видеото, целиот тим сруши цела низа рекорди со кошаркарска топка, но ниту еден од нив не може да се мери со последниот.

Имено, дел од тимто се искачи на облакодер висок 162 метри и од таа височина погоди кош ној се наоѓал во подножјето на зградата. Иако во компилацијата секако рушењето на рекордот изгледа лесно, тоа секако дека не било тако. Момците секој дел од видеото го снимале со часови, па можеби и денови.

Но, на крајот тоа се исплатило, а видеото има неколку милиони прегледи.