Зошто јаболкото потемнува кога ќе го исечеме?

0
1799

Во допир со воздухот јаболкото исечено на кришки започнува само за неколку минути да потемнува и да добива непривлачна кафеава боја, благодарение на механизмот кој во истиот момент се активира, а кој го штити плодот од надворешните бактерии и габи.

Во тој случај се активира ензим кој реагира на кислорот произведувајќи оксидиран заштитен слој.

Ензимот составен од монофенол и катехол, кој уште се нарекува и полифенол, оксидира во допир со кислородт претворајќи го ткивото во органско соединение хинон кој го чува месото на јаболкото од бактерии и габи делувајќи на нив како природен антисептик.

Хинонот сам по себе нема никаква боја, но во допир со аминокиселините од кислородот хинонот произведува меланин, т.е. од таму и кафеавата боја на пресеченото јаболко.

За среќа постојат и неколку многу едноставни решенија со помош на кои можете да спречите потемнување на исечено јаболко.

Првин кришките од јаболко ставете ги во фрижитер, затоа што драстично ќе биде успорена хемиската реакција, а исто така може исечените јаболки да ги прскате со сок од лимон кој ќе спречи потемнување на истите.