(ВИДЕО) Општина Гази Баба и градот Скопје со заедничка акција за чистење на парк шумата Гази Баба

0
1451

Општина Гази Баба и градот Скопје, заедно со комуналното претпријатие ЈКП Гази Баба и ЈП Паркови и зеленило, со поддршка на Акцијаши – Скопје денеска организираа голема еко акција за чистење на парк шумата Гази Баба.

Во денешната акција беа исчистени пристапните патеки и неколку критични локации каде беше регистрирано оставање на отпад. Во следната фаза започнуваме со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина која ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.