(ВИДЕО) Козаров: Дали Талески собира арач од битолчани?

0
1335

kozarov v

Дали ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Владимир Талески собираат арач од битолчани и спротивно на правилата и им наплаќаат за паркирање и по 17 часот. Дали паркингот пред Спортската сала, треба да работи со наплата до 17 часот, ама „Паркинзи Битола“ на граѓаните им врши наплата дури до 24 часот, праша денеска Горан Козаров, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ.

– Фискални сметки потврдуваат дека граѓаните на Битола, спротивно на правилата, плаќаат за паркинг и после 17 часот. Дали со ова се потврдува дека ЈПП Паркинзи Битола работи спротивно на условите за работа и спротивно на договорот којшто Владимир Талески го потпиша со компанијата Стентон Градба ДОО којашто стопанисува со паркинзите. ВМРО-ДПМНЕ и Талески се должни да им одговорат на граѓаните чии лични и бизнис интереси заштитуваат на штета на граѓаните? И дали од овие причини се држи во тајност договорот со компанијата Стентон Градба? Наплатата на паркирањето, по 17 часот, мора веднаш да престане. Сите оние што дозволиле ЈПП „Паркинзи Битола“ да работи спротивно на договорот и незаконски да им наплаќа пари на граѓаните мора да понесат одговорност – нагласува Козаров.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=GfoFMBJP6sc[/youtube]