(ВИДЕО) БРАВО ЗА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ : Спортот во Македонија од 1 јануари ќе добие шест милиони евра во поддршка за развој на спортот!

0
2209

Од јануари 2019 година во Македонија ќе бидат воведени таканаречени спортски ваучери, со кои домашниот спорт ќе биде поддржан со шест милиони евра – соопшти премиерот Зоран Заев.

„Во новиот буџет за 2019 година ги предвидовме првите финансиски средства за изградба на Дом на спортовите, каде што ќе бидат вдомени сите спортски федерации. Локацијата е обезбедена, со проект од дваипол милиони евра, финансиран директно од буџетски средства, секако потпомогнат и од Олимпискиот Комитет“, информираше Заев на Форумот на спортски новинари од ЈИЕ во Охрид.

„Југоисточна Европа го смени своето лице, градејќи пријателство, градејќи можности за соработка. И оваа ваква конференција, Самит на спортските новинари на Југоисточна Европа, е уште прилика да се издебатира соработката и да издимензионираат нови перспективи во спортот“, додаде тој.