СДСМ: Груевски е симбол за корупција

0
922

Во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека во изминатиот период високи владини функционери од владејачката партија и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери, судството, медиумите, изборниот процес, регулаторните тела… Со еден збор заклучокот е дека има корупцијата во врвот на власта а поради политизација државните институции воопшто не реагирале, соопшти СДСМ.

„Европската комисија го нотираше она што граѓаните на Република Македонија многу добро го знаат. Никола Груевски и неговите соработници се симболот за корупција во Македонија и погрешниот систем на вредности којшто им одзема на граѓаните 10 години живот. По победата, СДСМ, заедно со граѓаните ќе обезбеди и ќе гарантира целосна независност на судскиот систем, како и зајакнување на институциите надлежни за борба против корупцијата. По изборите на 24-ти април доаѓа пролетно чистење на корупцијата во Република Македонија“, порачува СДСМ.

Од партијата порачуваат дека заедно со граѓаните ќе ја вратат вербата во правдата и почитувањето на законите.

„Владата на СДСМ ќе работи одговорно, транспарентно, во интерес на граѓаните и европската перспектива на Македонија. Граѓаните знаат. На 24-ти април, победува европска Македонија“, порачува СДСМ.