Министрите на СДСМ, Спасовски и Ременска дадоа свечена заклетва

0
1166

spasovski-remenski

Пратениците во Собранието едногласно го изгласааа изборот на Оливер Спасовски и Фросина Ременски за министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. 101 пратеник гласаа „за“, а ниту еден против.

Третиот минстер кој денеска беше избран во парламентот, ги доби само гласовите на владејачката коалиција, а пратениците од опозицијата гласаа против одлуката досегашниот заменик-министер Марта Арсовска-Томовска, да ја преземе испразнетата фотелја во Министерството за информатичко општество и администрација.

Гласањето на опозицијато по изборот на Арсовска-Томовска наиде на неодобрување во редовите на пратениците од власта. Новата министерка беше сепак изгласана со 71 глас „за“ и триесет и еден глас „против.“

Новоизбраните министри дадоа свечена изјава пред парламентот дека одговорно ќе ја вршат функцијата и дека ќего почитуваат Уставот на Република Македонија.