ОДЛЕПЕНИ ОД РЕАЛНОСТА: Алијансата и Алтернатива со 3000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони

0
979

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петтиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот. Комисијата е закажана денеска во Собранието откако СДСМ, владеачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Според координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, нивните пратеници ќе достават над 3000 амандмани за нова блокада на Собранието.