„ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да ги прикрие своите виртуелни проекти за странски инвестиции и виртуелни вработувања само лаже и манипулира.
Поминаа 24 часа а јас не добив извинување за лагите и манипулациите од координаторот на советничката група и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска поднесувам пријава до Основното јавно обвинителство“, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.
„Законите во Република Македонија мора да важат за сите подеднакво.
Ексклузивната вест за наводните плати е клеветничка и во неа се содржани и пренесени лични податоци коишто се под посебна заштита.
Тоа е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет прибира, обработува и злоупотребува лични податоци на граѓани за разни цели, спротивно на Уставот и законите на Република Македонија.
Ваквото постапување е кривично дело и затоа поднесуваме кривична пријава за сторено кривично дело Злоупотреба на лични податоци.
Исто така поднесовме и пријава до Дирекцијата за заштита на личните податоци, а ќе биде поднесена и тужба за клевета пред надлежниот суд“, изјави Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.