НЕОДГОВОРНО Е ДА ГО ТЕСТИРАМЕ ЧОВЕКОВИОТ ИМУНИТЕТ НА ТОЛКУ РИЗИЧНА БОЛЕСТ КОГА ИМАМЕ ДОВОЛНО ЕФИКАСНИ ВАКЦИНИ, ФИЛИПЧЕ: ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19 Е САМО НЕПОТРЕБНО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

0
250
“Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација. Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по здравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова.
Одложувањето на вакцинацијата против Ковид 19 е само одложување на проблемот. Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот.
Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунитет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90% од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани.
Предложените мерки се ефикасни во однос на двете цели кои ги поставивме, брза вакцинација и спречување на ширење на вирусот. Барам поддршка да се избориме заедно за што поголема имунизација.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ