(ВИДЕО) Николовски: На 11 декември да заокружиме 4 за повисоки плати!

0
1271

Изјава за медиуми,
Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
с. Моштица, 08.12.2016
Почитувани, ги посетивме сите градови, населени места, села во ИЕ 3.

Зборувавме со луѓето за нивните потреби, за нивните проблеми, за она штое е решеније во нашиот План за живот во Македонија.

Луѓето сакаат живот во Македонија.

Луѓето сакаат шанса за живот тука во Македонија.

Живот во Македонија за сите значи повисоки плати и повисок животен стандард.

Се обврзуваме, минималната плата до крајот на четири годишниот мандат да биде 16.000 денари за секоја индустрија, за секој вработен, а просечната плата ќе биде 30.000 денари. Со двајца вработени и со 1.000 евра во семејниот буџет, секое семејство ќе може да ги покрие сите животни трошоци. Да има за одмор, за храна, за облека, за нова соба.

Ќе ја исправиме неправдата што и Никола Груевски продолжува да ја прави кон работниците од индустријата за кожа, облека и текстил. Ние се обврзуваме – и тие ќе земаат плата од 16.000 денари.

Ние имаме план за Македонија којшто Никола Груевски никогаш го немал.

Кога ќе заокружувате помислете дали сакате уште 4 години преживување или сакате шанса за живот, живот со повисоки плати.

За да има живот во Македонија мораме оваа наша одлучност да ја преточиме на денот на изборите во гласачките кутии.

ИМАМЕ ВИЗИЈА ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА. И ЌЕ ИМА ЖИВОТ ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

Време е да излеземе сите и да го заокружиме број 4 за живот во Македонија.