Сарачини: Еманципациски скок! Боки13 одеднаш сите го бранат!

0
321

ЕМАНЦИПАЦИСКИ СКОК

Околу полноќ ем из далека, на Младиќот му е драго што се дигна толкава ѓурултија за зборот „педер“ во јавноста. Вести се отворија, осуди паднаа од сите страни. Каква ли само разлика од пред неколку години!

Од заедница која беше физички напаѓана од криминалците на претходната власт, до заедница во чија одбрана јавно скокаат сите, па и оние што довчера организираа физички напади и медиумски хајки против неа, и неказнивост па и медиумски молк за тие напади по добропознатиот „тефтерче“ и „куртон“ систем.

А и Боки 13, осомничен криминалец и медиумски циркузант, довчера расчеречен од голем дел од таа јавност, со многу попогрдни зборови и експлицитни повици за насилство и сексуално злоставување, одеднаш сите го бранат! По денови плукање и омраза, спонтан наплив на емпатија, искрена, од срце!

Каков голем преокрет драги мои, и честитам на критичката јавност и на мвро-вмро за овој еманципациски скок! Замислете ваков третман да добијат и „Северџ(г)аните“, „Шиптарите“, „Циганите“, „мусличите“, „комуњарите“..кај би ни бил крајот!

Фб статус на Петрит Сарачини