БАБА ЈЕ МАЛО ПРОЛУПАЛА – НАЈЧЕВСКА СО ДРВА И КАМЕЊА ПО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ЗА ,,БЕХТЕЛ И ЕНКА” : ТАА ГИ ДЕВАЛВИРА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ЗЕМЈАВА, ТАА Е ДИЛЕТАНТ, АДВОКАТ НА ПРИВАТНА ФИРМА И ЈА ПОДДРЖУВА ВЛАДАТА!

0
876
Професорката Мирјана Најчевска преку статус на Фејсбук ја искритикува американската амбасадорка Анџела Агелер откако таа изјави дека нема ништо спорно во договорот со „Бехтел и Енка“, а опозицијата критикувала без основа за да собира политички поени.

-Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување. Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.

Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција). Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е. Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази. Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.Незапамтен дилетантизам.

Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори, напиша Најчевска на Фејсбук.