ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ Е ИЗНЕВЕРЕН – КАНДИДАТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО КУМАНОВО ЈАВНО ОБВИНУВА ДЕКА НЕГОВИ СОПАРТИЈЦИ РАБОТЕЛЕ ЗА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

0
1191

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле за неговиот противкандидат Максим Димитриевски.

Во коментари на социјалните мрежи, Михајловски пишува дека не бил посакуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на локалните функционери, бидејќи тие сметале оти е наметнат од централа и ги обвинува дека уште од самиот старт работеле и агитирале за Димитриевски.

„У штаб не улегна затој што тамо не ме сакате пошто централа ви наметнала кандидата. И работасте за Максима и ти и Бране, и Игор и Оливер и Дејан и ед’н куп други од сам старт“ пишува Михајловски.

Претходно и неговиот брат Бобан објави карикатура на која Максим Димитриевски си ги бара парите кои ги дал со кои му била ветена победа во првиот круг на изборите во Куманово.

На карикатурата Димитриевски е спречуван да го натепа лицето кое наводно ги зело парите од страна на Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Елена Божиновска носителка на листата на советници и нејзиниот сопруг Игор Божиновски.