Падна владата на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако пред малку во бугарскиот парламент ѝ беше изгласана недоверба.
„За“ паѓање на владата на Петков гласаа 123 пратеника, а „против“ беа 116.
По изгласувањето недоверба, Петков се обрати пред пратениците.
„Беше чест за мене да водам влада која што беше бутната од Пеевски, Борисов и Трифонов. Ова е мал чекор од долг пат. Ви ветуваме дека ќе продолжиме со битката и еден ден ќе имаме Бугарија без мафија“, кажа Петков