КОНЕЧНО ДРЖАВАТА СЕ ГРИЖИ ЗА КУМАНОВЦИ КОИ БЕА 10 ГОДИНИ ПОД ОПСАДА НА ВМРОНИТЕ – Мургашанска: Во околината на Куманово рехабилитирани патишта во должина од 112 километри

0
836
Само во околината на Куманово се рехабилитирани патишта во должина од 112 километри, истакна денеска на прес конференција Атина Мургашанска, претседател на Советот на Општина Куманово и претседателка на Регионалниот форум на жени на СДСМ.

Како што истакна таа, кризата предизвикана од коронавирусот не ги попречи капиталните инвестиции, туку се изведуваат со засилена динамика.

– Инвестираме во инфраструктура и во вонредни околности и тоа за сите граѓани. Инвестирањето во инфраструктурата значи и отворање на нови работни места. Значи придрвижување на економијата и подобри услови за живот на секој граѓанин. Ние наследивме руинирана држава, држава во која се трошеа парите на граѓаните во дупка без дно. Се инвестираше во споменици, во промашени и неплански испланирани проекти за патишта, рече Мургашанска.

Имаат поинаков пристап, појаснува Мургашанска, а тоа е современ и евопски, кој, како што вели, значи инвестирање во капиталните инвестиции во инфраструктурни проекти.

– Само во околината на Куманово се рехабилитирани патишта, во должина од 112 километри, ги рехабилитиравме патните правци Куманово-Опае, Куманово-Никуштак, Куманово-Свети Николе, Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Страцин, Ропаљце – Матејче – Липково. Со задоволство сакам да нагласам дека отпочна и рехабилитацијата на патниот правец Куманово – Ранковце во должина од 16 километри и 600 метри а која инвестиција е во вредност од 7 милиони и двесте илјади денари, изјави претседателката на Советот.

Ова, според неа, не само што ќе овозможи полесно справување со кризат,а туку ќе остане траен залог и напредок за иднината на сите граѓани.

– Да се потсетиме дека во тек се подготовките и за рехабилитацијата на т.н Искрин мост на реката Пчиња, во должина од 335 метри важи за еден од најдолгите во државата. Оваа инвестиција ќе чини 118 милиони денари, посочи таа.

На овој начин, според Мургашанска се овозможува рамномерен регионален развој, повржување на урбаниот и руралниот дел од општината и од североисточниотплански регион.