(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЧЕСТИЈА ИНВЕСТИЦИИТЕ, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗЕМА ЗАЛЕТ, НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПРИЛЕП! ИКТ ЦЕНТАР ЗА ОПОРАВУВАЊЕ ОД КАТАСТРОФИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА И ПУШТАЊЕ НА ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ВОДА!!!

0
379

Изутринава, официјално започна изградбата на првиот ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работа во Прилеп.

За ИКТ Центарот обезбедени се 3,25 мил. евра преку ИПА програмата, а задоволството е големо кога се знае дека овој сервис е прв од ваков вид во регионот. На граѓаните мора да им ја гарантираме безбедноста на нивните податоци. – изјави премиерот Зоран Заев

Исто така, премиерот Заев во придружба на министерот за внатрешни Оливер Спасовски, министерот за финансии Драган Тевдовски како и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јовановски ја отворија и новата пречистителна станица во Прилеп, најголемата до сега во државата. Со новата пречистителната станица, финансирана од ИПА 1 и буџетски средства од околу 10 мил. евра, Прилеп добива чиста животна средина, а граѓаните ќе консумираат чиста храна, наводнувана со чиста вода.

Премиерот Зоран Заев и владата изразија огромна благодарност до ЕУ и амбасадорот Жбогар за посветената поддршка и помош во инфраструктурниот развој на Република Македонија.

Македонија го фати европскиот чекор. Европа ја носиме во Македонија, ова се европските придобивки за нашите граѓани. – изјави премерот Зоран Заев пред присутните.