ТЕЛМА И 24 ВЕСТИ И ПРАВАТ ГОЛЕМА УСЛУГА НА ВМРО ДПМНЕ СО ТОА ШТО НЕ ЕМИТУВААТ ТУРСКИ СЕРИИ!!!

0
1326

Извозот на турски тв серии на Турција и донеле приход од 250 милиони долари. Браво за Турција! Синхронизираните тв серии се реинвенција на телевизорот кој освен извор на вести и забава за младите конечно стана забава и за старите и домаќинките. Тоа им донесе огромна публика на телевизиите во ерата кога младите заминаа на интернет и за малку ќе ги намалеа приходите од реклами на тв индустријата…

Штета што овој процес некои диктатори го злоупотребија за да мешу две серии емитуваат големи колични на пропаганда. Сега се случува еден многу чуден проблем – критичките телевизии одбиваат да емитуваат турски серии и режимска пропаганда, и со тоа драстично си ја намалуваат гледаноста и влијанието со што им помагаат на режимите. Сега народот е во рацете на телевизиите кои пуштаат и турски серии и режимска пропаганда!

Сите забораваме дека турските серии во Македонија ги донесе А1 кој во исто време го критикуваше режимот и со своите 500 000 редовни гледачи на дневна основа го принуди Грујо да ја затвори по секоја политичка цена која мораше за тоа да ја плати, за него тоа значеше живот или смрт!

Пишува : Саше Ивановски, главен и одговорен уредик на порталот Мактел.мк