Денеска со 69 гласови, изгласан законот за јазиците!

0
1398

Со 69 гласа „за“, Собранието денеска го донесе новиот Закон за употреба на јазиците.

Со овој закон, албанскиот јазик ќе се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата. Овој закон е реализирање на одредбата од рамковниот договор од пред 15 години каде Албанскиот јазик беше направен рамноправен со Македонскиот јазик, но се немаше политичка воља да се направи овој чекор.

Одо овој закон бенефит ќе имаат само Албанците а никој нема да добие казна или нелагодност, Македонците нема да мора да учат Албански, само ќе се вработат преведувачи во општините каде живеат Албанци за да може на Албански јазик да си комуницираат со полиција, здравство, социјала итн итн…

Со овој чекор конечно Албанците нема да се чувствуваат како гости во Македонија и ќе има повеќе кохезија и повеќе соживот и повеќе патриотизам од Албанците кон Македонија, оваа држава е веќе нивна мајка а не маќеа!

Пратениците на опозицијата не учествуваат во работата на Собранието.

Претходно на седницата, професорот Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, се избрани за судии на Уставниот суд. Пратениците ги избраа денеска на седницата која што почна со 40-минутно доцнење, пак поради тоа што се чекаше кворум.

Кадриу доби 68 гласа „за“, а за Костадиновски гласаа двајца пратеници помалку. Новите уставни судии имаат 9-годишен мандат.

Извор, текст и фото: СДК.МК