ШЕФИЦАТА НА УЈП, САЊА ЛУКАРЕВСКА : КРИВОГАШТАНИ ИМА СВЕТЛА ИДНИНА ЗАТОА ШТО ИМА ЛУЃЕ СО ПЛАН И СО ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА, НАСТАПУВАМЕ ЧЕСНО, ОДГОВОРНО И ТРАНСПАРЕНТНО

0
697
“Вложуваме во руралниот развој и во современа инфраструктура.
Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаме најдобрата програмска и кадровска понуда во Кривогаштани со Николче Мискоски и советничката листа предводена од Горан Новакоски, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на средбата со жителите на Кривогаштани.
Во Кривогаштани вложуваме во развој на патната и на комуналната инфраструктура, приоритет е реконструкција на училишната зграда, изградба на спортска сала, изградба на фабрика за преработка и рециклирање на отпад.  Детската градинка е доизградена и опремена, реконструирана е регионалната патна мрежа, обновени се локалните патишта. Кривогаштани има развоен потенцијал, ги стимулираме младите земјоделци, жените. Социјалдемократскиот сојуз се грижи за секој граѓанин, го стимулираме зелениот развој, имаме план и нудиме реални решенија.”
Го имаме Најдоброто и за Кривогаштани!