ЕРДОГАН ПЛАНИРА НОВИ ЗАКОНИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: НАМЕРАТА МУ Е ДА ГИ ЗАПРЕ КРИТИЧКИТЕ СТАВОВИ КОН НЕГО И ПАДОТ ОД ВЛАСТ

0
758

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги смета социјалните мрежи за главна закана за демократијата во неговата земја.

Турската Влада планира да воведе закони со кои што под параванот за криминализација на ширењето лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, ќе се заострат ограничувањата на слободата на говорот и критичките ставови.
“Социјалните мрежи, опишани како симбол на слободата кога прв пат се појавија, станаа еден од главните извори на закани за денешната демократија. Се обидуваме да ги заштитиме нашите луѓе, особено чувствителните делови на општеството, од лаги и дезинформации без да ги нарушиме правата на нашите граѓани да добиваат точни и непристрасни информации” –  рече Ердоган на конференцијата за комуникации организирана од Владата.

Минатата година Турција донесе закон со кој што социјалните мрежи со над еден милион корисници треба да имаат правен застапник и да складираат податоци во земјата. Затоа компании како Фејсбук, Јутјуб и Твитер отворија канцеларии во Турција.