МОНСТРУОЗНО : ПРОНАЈДЕНА МАЛАТА ДАНКА! ЈА УДРИЛЕ СО АВТОМОБИЛ, ЈА СТАВИЛЕ ВО ГЕПЕК ПА ЈА ФРЛИЛЕ ВО ДЕПОНИЈА!

0
402

Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2), за жал, имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил убиле мало девојче, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор.

Криминалистичката полиција од Бор ги приведе работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишната Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дивата депонија на „Старобањски пат“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот, вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај, а Д.Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13:52 часот, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.

– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото го удрил девојчето и го усмртил, вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13:45 часот во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.