По пауза од повеќе од два месеци, спортската јавност повторно се фокусира на натпреварите, откако денес се рестартира германската Бундеслига.
Иако се играше пред празни трибини, попладневните натпревари привлекоа големо внимание , а колку фановите „плачат“ за спорт, доказ ни доаѓа од Хрватска. Продавач на јагоди испрати „порака“ до своите купувачи дека на продажното место ќе седи до 15:30 часот, затоа што потоа ќе замине дома и ќе го гледа натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04.
„Купете ми ги јагодите, сакам да го гледам Дортмунд од 15:30 часот“, пишуваше на натписот на хрватскиот продавач.
„Милионерите“ дополнително му го разубавија денот на хрватскиот фан, затоа што во рурското дерби славеа со убедливи 4-0.
Извор : ГОЛ