ГОРИ ХОТЕЛОТ „БУШИ” ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА, НАВРЕМЕНО ЕВАКУИРАНИ СИТЕ ГОСТИ

0
713

Пожар изби во хотелот „Буши” во Старата скопска чаршија, попладнево.

Сопствениците на хотелот за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека нема жртви, сите гости се евакуирани, има само материјална штета.

Едно лице се пожалило на проблеми со дишењето и е префрлено во ГОБ „8 Септември“.

На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита и како што ни изјавија од таму се интервенира за да не се прошири кон околните објекти бидејќи пожарот е голем.