Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави.
Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот, Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешно-политички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Северна Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи.
Премиерот Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговараа за повеќе актуелни прашања, пришто е оценето дека Севрна Македонија е држава којашто напредува и е изразена целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, како прашање од државно, регионално и европско значење, како и очекување дека е тоа препознаено и од пошироката политичка и општествена јавност.