ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СО НОВО ОБВИНУВАЊЕ КОН ВЛАСТА СО ШТО ОБВИНУВА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ СЕ ОШТЕТЕНИ, СДСМ МУ ОДГОВОРИ ДЕКА СЕ ВЛОЖЕНИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА

0
569

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува дека Македонија, граѓаните и ЕСМ за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари.

– ЕСМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 mегават часови. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/ евра за мегават часови. За истиот тој период цената на струјата на референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија е 372,21 евра за мегават час. Разликата во цена е 158.550 евра, вели Мицкоски.

Од СДСМ пак велат дека кога пред нас е една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза, обезбедени се 50 милиони евра за производство на струја а исто така останува и мерката за 80% субвенционирање на сметките.