Соопштение на СДСМ:
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Шведска во Р.Македонија, Матс Стафансон, придружуван од заменикот абмасадорот Антон Иреквист.
Клучна тема на состанокот беше реализацијата на обврските од сите политички субјекти за фер предизборен и изборен процес во декември, што се наведува како приоритет број еден за државата и граѓаните.
Голем дел од состанокот беше посветен и на Програмата на СДСМ и поставеноста на партијата за развој на Македонија.
Претседателот на СДСМ соопшти дека партијата е целосно отворена за граѓаните со коишто на теренот веќе подолг период разговара и дејствува во насока на промените што по декември ќе го кренат животниот стандард и ќе обезбедат економски и демократски развој на земјава.