НИШТО ОД ВМРОВЦИ ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА : Арифи отворено порача дека е против коалиција на ДУИ со ВМРО

0
880
Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи во вечерашното гостување на ТВ 24 експлицитно порача дека не го гледа ВМРО-ДПМНЕ како владин партнер.

-Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори – рече Арифи.

Според неа, ДУИ не е блеферска партија, туку, како што вели, луѓето веруваат дека тие можат низ процес на разговори да постигнат добри договори.

-Ориентацијата во однос на иднината на земјата и економскиот развој е важен за партијата и во вој момент дека ДУИ не преговара со ниту една партија за формирање на влада. Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку немало победа зад себе и без да има легимитет зад себе – истакна Арифи.