(ВИДЕО) Милошев: Шест месеци не работи компјутерската томографија во штипската болница

0
1083

Апаратот за компјутерска томографија во Клиничката болница во Штип не функционира повеќе од шест месеци. И покрај долгонајавуваните ветувања од страна на менаџерскиот тим на штипската Клиничка болница дека во тек е тендер за набавка на дел за апаратот, до ден денес тоа не се случи. Подолг период не работи ниту апаратот за лапароскопска хирургија. Оваа современа метода подолг период не се работи во штипската Клиничка болница, изјави денеска д-р. Владимир Милошев, претседател на Општинската организација на СДСМ во Штип.

– Болните од малигни заболувања и понатаму не ја добиваат ниту потребната зрачна терапија, затоа што акцелераторот што требаше да започне со работа на почетокот на 2014 година, се уште не е во функција. Во хируршите сали има хроничен недостаток на конци за шиење. Додека власта на ВМРО-ДПМНЕ троши 18 милиони евра, пари на граѓаните за Панорамско тркало, пациентите се принудени потребната здравствена услуга да ја бараат во други градови. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров секојдневно покажуваат дека грижата за пациентите и добивањето соодветна здравствена услуга за нив е неважно. Болницата во Штип тоне во огромни долгови, голем дел од апаратите се со чести дефекти коишто не се санираат а тендерите се прават на нетранспарентен начин. Болничките аптеки често остануваат без лекови. Затоа на Штип му се потребни промени и тие ќе се случат на 11 декември – изјави Милошев.