(ВИДЕО) Китев: Со измените на Законот за земјоделско земјиште создаваме услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството

0
1384

Изјава за медиуми
Бетиане Китев, пратеник на СДСМ 
Скопје, 31.05.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците и унапредување на земјоделството.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште се реализира сериозна реформа на целокупниот сектор, но и се надминуваат реалните проблеми при доделување на земјоделско земјиште под закуп.

Со законските измени, се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Со цел поголема вклученост на младите земјоделци и отворање можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот.

Се отвора можност ако при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со тоа се става ред во електронското наддавање, се забрзува целата процедура, односно се спречува постапките да се повторуваат.

Со измените се овозможува изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделски производи. Со тоа ќе се овозможи зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и позитивно ќе се влијае на развојот на рурални средини преку рурален туризам.

Претходниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Сега, со измените им се овозможува и на тие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Ова се само дел од реформите во Законот за земјоделско земјиште што се во интерес на земјоделците.

Остануваме посветени на унапредување и развој на земјоделството, повеќе пари кај земјоделците и подобри услови за конкурентно земјоделско производство.