САД и Европската Унија гледаат со загриженост на континуираната тензична ситуација во северот од Косово, истакнаа денес Вашингтон и Брисел во заедничка изјава. -Ги повикуваме сите да покажат максимум воздржаност, да се презеде итна акција за безусловна деескалација на ситуацијата, и да се избегнуваат провокации, закани или застрашувања, се вели во заедничката изјава потпишана од заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател и портпаролката на винскиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Набила Масарали.
Се вели дека САД ќе ја поддржуваат ЕУ преку мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со нејзиниот мандат а тоа е набљудување и промовирање на почитување на човековите права, како на пример гаранции за фер судење, како и заштита и еднаков третман за членовите на малцинствата во Косово. САД и ЕУ бараат Косово и Србија да градат атмосфера на помирување, регионална стабилност и кооперација во корист на нивните граѓани и „целосно имплементирање на дијалог без задршки”.