ГРКОВСКА : ОБЕЗБЕДУВАМЕ ЕФИКАСЕН, ТРАНСПАРЕНТЕН СИСТЕМ, КАКОВ ШТО ЗАСЛУЖУВААТ ГРАЃАНИТЕ

0
567

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, го презентираше процесот за градење на механизмите за контрола на ефикасноста на институциите, за нивната транспарентност и за зајакнувањето на нивните капацитети со цел да донесат одржливи и долгорочни решенија во интерес на граѓаните.

Притоа таа истакна дека како аргумент Владата ги прифатила укажувањата и наодите во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и уште на првите седници донесе одлука, разгледувањето на трошењето и реализацијата на капиталните инвестиции да биде редовна точка на дневен ред на седниците за навремено следење на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Координацијата меѓу сите институции, како што се ДЗР, Државната комисија за борба против корупција, Инспекцискиот совет и сите други институции се делови кои практично треба да ги координира мојот кабинет за да можеме да воспоставиме механизми на внатрешна контрола, за да воспоставиме еден ефикасен, транспарентен систем на функционирање на институциите коишто го заслужуваат сите граѓани“, оцени Грковска.