Режимските провладини медиуми во недостиг на докази и аргументи, денеска повторно имаа неуспешен план за создавање тензии во седиштето на СДСМ, со единствена цел – прикривање на вистината за истрагата за смртта на нивниот колега, новинарот Никола Младенов.
Провладините медиуми преку своите гласила денеска воопшто не ја информираа јавноста за болната вистина за истрагата поврзана со смртта на великанот на македонското новинарство Никола Младенов, како што тоа го прават останатите домашни и странски медиуми.
Новинарите на Сител, Канал5 и Алфа фокусирајќи се на предизвикување тензии, заборавија дека власта на Никола Груевски во иднина може да повтори иста постапка за било кој новинар во Македонија, со непрофесионално, неодговорно и намерно прикривање на клучни информации за јавноста.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=O0gTiWrfipw[/youtube]
Ова не е прв неуспешен обид за поттикнување тензии после прес конференциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На 26-ти март после објавувањето на разговорите каде Груевски е фатен во мега корупциски тендерски скандали за автопатот Кичево – Охрид, новинарката на Курир имаше неуспешен обид да ја прикрие вистината со обвинувачки прашања кон Заев со единствена цел дека наводно провладините новинари се небезбедни на пресовите на СДСМ, со што би предизвикала реакции од присутните граѓани во салата.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ztfNPDOp-Qs[/youtube]
Сител и Вечер не објавија никакви докази за наводниот напад врз нивниот уредник Ивона Талевска, кој според нив се случил пред Собранието на Македонија, каде младите протестираа за убиството на Мартин Нешкоски.