СДСМ : ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ НА ОВИЕ ИЗБОРИ Е ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА ДРЖАВАТА, ГЛАС ЗА НОВАТА ПРОЕВРОПСКА ВЛАДА НА СДСМ И СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

0
51
Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата и на граѓаните.
Прашањето е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици?
Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото?
СДСМ има волја и знаење, конкретен план како да ја внесе државата во ЕУ до 2030 година.
СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ.
Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата.
Затоа на изборите ќе го дадат својот глас за СДСМ, за новата проевропска влада и за претседателот Стево Пендаровски.