„Бугарите на овие избори рекоа дека не можат без ГЕРБ, но и дека не можат без партијата Продолжуваме со промени (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ). Нашите лични чувства не се важни“ – изјави Борисов.
Според Борисов, неопходно е да се создаде влада „колку тоа и да ги чини политичките партии“, пренесува „Ројтерс“. Асен Василев, копретседателот на партијата ПП претходно ја отфрли можноста за коалиција со ГЕРБ. Според тоа, најверојатно се навестува продолжување на долгорочната политичка криза кај нашиот источен сосед.За само две години, Бугарија дури петпати одржа парламентарни избори.