ПЛЕНКОВИЌ ПОБАРАЛ ХРВАТИТЕ ДА БИДАТ СПОМЕНАТИ ВО УСТАВОТ

0
394

Во рамки на уставните промени ние сугериравме дека би ценеле доколку и Хрватите се споменат во преамбулата на Уставот што би било добро со оглед на тоа што имаме взаемна заштита на малцинствата, рече хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ во изјава за новинарите по средбата со припадници на хрватската заедница.
Ова беше последната средба на Пленковиќ при службената посета на Македонија. Тој претходно се сретна со претседателот на државата, претседателот на собранието, премиерот и лидерот на опозицијата.

Пленковиќ рече дека неговата сугестија била блгонаклонето примена за разлика од барањата на Бугарија, кои, како што рече, предизвикуваат политички препукувања меѓу власта и опозицијата.

-Потребно е уште многу дијалог меѓу политичките партии за да се постигне напредок – додаде тој.

Се проценува дека во Македонија живеат околу 4.000 Хрвати. На последниот попис, пак, околу 3.000 граѓани се изјасниле како Бугари.