ГОЛЕМО ФИЈАСКО ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ, МУ СЕ СЛУЧУВА СУДБИНАТА НА ВАНКОВСКА: За првите 24 часа собрани само 200 потписи, со ова темпо ќе му требаат два месеца а не само 15 дена колку што е дозволено за да собере потписи!

0
1599

Филип Петровски мислеше дека големиот број лајкови на фејсбук може да стане претседател.

Но му се случува судбината на Биљана Ванковска која исто така пред 4 години проба да собере потписи но не успеа, иако имаше огромен број на лајкови на фејсбук.

Мактел дознава дека досега Филип Петровски има собрано само 200 потписи за 24 часа собирање потписи во саботата.

Тој веднаш почна да се жали дека бил саботиран и слично, но со вакво темпо нему ќе му требаат два месеца а не 15 дена колку што е предвидено за операцијата собирање 10 000 потписи.

Сепак едно е гледање сеир на фејсбук и да нетераш некој да излезе од дома да најде време и да оди да бара каде треба да се потпише на список за Филипче да станел прецедник.

Исто така над 50% од неговите фанови се во странство, наши запалени емигранти кои го гледаат на пауза качени некаде на скеле или на кров и нема шанси тие луѓе сега да се стегнат со авиони и да летаат по стотици километри за да идат во нашите амбасади за да му се потпишат.

Сите ќе си речат, ај па мора ли баш ја да се потпишам…

Жално ќе биде за Филипче, неговите надежи дека во матново нешто ќе убоде и ќе профитира со радикални изјави во време кога народот е повреден од компромисот со Грција и Бугарија се покажаа како онаа народната, гладна кокошка, просо соноува…