ХАН МУ ГО ТВИТНА НА ХОРХЕ ПАЉУРСКИ И НА ГРУЈО КРУШОРАДСКИ : ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОД БЈРМ Е ДОБРЕДОЈДЕНА

0
1242

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, преку својот твитер-профил ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја поништи аболицијата на сите 56 политичари и нивни соработници и ги повика лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да се вратат назад на преговарачката маса.

„Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдена одлуката на претседателот Иванов конечно да ги повлече сите помилувања. Ова овозможува правдата повторно да продолжи со својот тек и Специјалното јавно обвинителство да продолжи со важната работа. Премногу време се изгуби во последната година. Политичките лидери мора да се вратат назад на маса и да обезбедат целосна имплементација на нивниот Договор од Пржино, вклучувајќи ги и реформските приоритети“, напиша на својот твитер профил Јоханес Хан.