ВМРО-ДПМНЕ ЈА СИМНА МАСКАТА ДЕКА Е ПРОТИВ РАБОТНИЦИТЕ И НАРОДОТ, МАРИЈА МИТЕВА: ГАЗДИТЕ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ САКААТ НЕДЕЛА ДА БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН А НЕ СДСМ И СИНДИКАТИТЕ

0
1171

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ побара Владата прво да ги сослушала стопанствениците пред да ја донесе одлуката, недела да биде неработен ден од октомври оваа година. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева рече дека оваа одлука била само популистички потег на власта.

“Многу пати досега сме кажале дека популистичките мерки кои што СДСМ ги презентираше во јавноста, многу пати од стопанскиот сектор наидоа на недоразбирања. Бараме да бидат слушнати стопанствениците и оние кои што имаат потреба и кои што треба да ја закрепнат економијата во државата” – рече Митева.