Поранешен телохранител на Мијалков пукал и ранил човек во Кочани

0
1876

Во оружен инцидент во Кочани, рането е едно лице.

Според полицијата во кратка вербална расправија Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски пукал и го повредил Драган Здравев. Инцидентот се случил во кафе барот Аква во Кочани, попладнево околу 17 часот. Откако пукал и го ранил Здравев, Стоименов избегал. Полицијата трага по него. Стоименов има подолго досие во македонската црна хроника, имаше улога на сведок и оштетен во случајот Детонатор, а тогаш беше објавено и дека е телохранител на Сашо Мијалков. Во една престрелка во Скопје пред 5 години, Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.