ТАХИРИ : КУРТИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ УРИВА, ПАЃА САМИОТ

0
550

По забелешките што му ги упатија на Курти претставниците на ЕУ и САД во врска со неговите дејствија во северно Косово, каде што тамошните Срби протестираат против градоначалниците Албанци, Тахири изјави дека Курти „успеа да наштети на стратешкото сојузништво на Косово со САД“ и дека „ова е првпат Косово да има лидер кој е антиамериканец“.

– Од неговото антиамериканство до неговото донкихотство, Албин Курти успеа да му наштети на стратешкото сојузништво на Косово со Америка! Косово е отворено казнето од САД, изјави Тахири откако пред неколку дена официјален Вашингтон го исклучи Косово од военат вежба „Бранител на Европа 2023“ и најави нови санкции доколку Курти не ги исполни барањата за преземање дејствија за смирување на состојбата во северно Косово