Пилешко полнето со зеленчук

0
1353

Punjeno-Pile

Состојки:

  • 1 пиле (1,5 кг)
  • 1 китка млад кромид
  • 2 моркови
  • 2 бабури
  • 400 гр буковки
  • 1 јајце
  • 2 дл пилешка супа
  • 1/2 китка магдонос
  • 0,5 дл зејтин
  • мешавина од зачини, бибер, кари

Приготвување:

1. Пилешкото се сече по должина. Се раздвојуваат кожата и месото, па се вади белото месо со коските, а батаците, крилцата и кожата се оставаат.
2. Белото месо се меле, младиот кромид се сечка на крукчиња, морковите и пиперките на стапчиња, буковката на коцки, а магдоносот на ситно.
3. На малку зејтин се пропржуваат морковите за да омекнат, а потоа се додаваат пиперките, буковката и младиот кромид и се динста со повремено долевање на супа додека зеленчукот не омекне.
4. Омекнатиот зеленчук се меша со меленото бело месо, јајцето и магдоносот, па се додаваат кари и останатите зачини.
5. Со приготвеното се полни внатрешноста на пилето, па кожата се прицврстува со кујнски конец. Полнетото пилешко се става во подмачкана тепсија, се прекрива со фолија и се става во загреана рерна да се пече. Пред крајот се вади фолијата и пилешкото се враќа во рерна се додека не порумени.