МИЦКОСКИ Е ТОЈ ШТО ШАЈКА НЕМА ЗАКОВАНО ВО ЖИВОТОТ, ЗНАЕ САМО ДА ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ

0
438

Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица непрекинато води хајка против стратешкиот проект за изградба на делниците од коридорите 8 и 10д.

Мицкоски е тој што нема заковано шајка во животот, кој не знае ни што е градба, ни што е изградба, кој последен претставник на црвената буржоазија, затоа што цела кариера ја има изградено поради неговиот татко каде прво бил асистент, а потоа и вработен.

Мицкоски знае само за спинови и лажни вести, за друго ништо не знае, ниту го бива, тој е непознавач на економијата, на политиката, на енергетиката.

Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.

Го гледавме тоа во времето на 11 годишното владеење на централно, но го гледаме и денес со владеењето на локално ниво, во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски.

Како функционира ВМРО-ДПМНЕ се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.

Без разлика на хистеријата што ја шират ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ние нема да дозволиме нови паушални,скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години како што тоа е автопатот Кичево – Охрид.