ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО АКТИВИРАА ПОВТОРНО ЛЕНИН – ДАНЕЛА НИ ПРАВИ ПРИТИСОЦИ, ОВА Е ШОКАНТНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ, ЕПА ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ ГРАДОТ

0
752

Нема да се откажеме бидејќи нас ни должат милиони. Не ни должат 10 или 20 илјади евра. Ако треба нешто да поправиме нешто, ќе поправиме, а не откако ќе си ги побараме парите да се посочат критики – е сега не чините, бидејќи ги побаравте парите – рече Јовановски. Град Скопје денеска извршил инспекциски надзор во претпријатието „Слобода превоз”, што опслужува дел од линиите на скопскиот градски превоз, што според директорот на оваа компанијата досега никогаш не се случувало и го смета за форма на притисок од градската власт. Ако мислат дека со тоа ќе извршат притисоци да се откажеме за да нема некакви казни, нема да го направиме тоа, рече на денешната прес-конференција Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз”.

Од компанијата алармираа дека тоа се погрешни методи и воопшто не се во интерес на јавноста, и дека штрајкот продолжува зашто превозниците сè уште не ги добиле парите што им ги должи ЈСПНема да се откажеме бидејќи нас ни должат милиони. Не ни должат 10 или 20 илјади евра. Ако треба нешто да поправиме нешто, ќе поправиме, а не откако ќе си ги побараме парите да се посочат критики – е сега не чините, бидејќи ги побаравте парите. Ќе ви пуштаме инспекции, ќе ви раскинуваме договори, ќе ви се закануваме со ова, со она. Тоа не е во јавен интерес и тие методи се погрешни. Тоа сакавме да и го порачаме на градоначалничката затоа што некои структури околу неа не ја советуваат добро, бидејќи ќе има последици по сите нас. Не е добро ни за градот, ни за граѓаните, а најмалку за градоначалничката која на изборите ја поддржавме и во фокусот на нејзините ветувања беше јавниот превоз – изјави Јовановски.Тој порача дека доколку им се дадат пари за гориво, јавниот превоз би бил пуштен во функција веднаш, додавајќи дека се свесни за кризната состојба и затоа не бараат целосна исплата, туку тековни средства за да можат да можат превозниците да возат.

Јовановски воедно ги демантираше информациите изнесени на вчерашната прес- конференција на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, само возачите во т.н. „приватни автобуси” не издаваат фискални сметки.Тоа што беше презентирано вчера не е точно. Демантираме дека автобусите на приватните возачи не се фискализирани. Фискалните принтери во приватните и во државните автобуси не се во функција. Тие се дел од вградената опрема на Јавното сообраќајно претпријатие и од многу поодамна не се во функција, оти нивна должност е по договорот да ги одржуваат и поправат, а тоа не го прават. Вториот факт е дека никој од приватните шофери не продава билети во автобусите, заради тоа што ние не ни имаме билети што може да ги продаваме и да земаме пари кои беа спомнати дека не се уплаќаат на сметките – изјави Јовановски.Тој порача дека е погрешно состојбата на ЈСП да се презентира како состојба кај приватните превозници, кои како што посочи „немаат врска со тоа”.Јованоски информира дека денеска побарале средба со градоначалничката со цел да се најде заедничко решение, најавувајќи дека доколку не се реши проблемот ќе следуваат блокади.