Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката одвои 6.431.000 евра. Ова, велат од АД ЕСМ, е првпат во 40 години постоење на РЕК Битола да се набави ваква постројка.Транспортот на новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е најголемиот и најтежок вонгабаритен транспорт кој воопшто некогаш бил организиран во земјава.
Трансформаторот се пренесува со специјална композиција преку копно низ Турција, потоа бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно до РЕК Битола. За сигурен и безбеден транспорт на трансформаторот преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина, потенцираат од АД ЕСМ.
Оттаму појаснуваат дека дека откако сите делови од трансформаторот ќе пристигнат во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон